Радио Милева упорна

Бубе Јаневска: „Поради вишокот на килограми се затварав во себе и се закопчував до грло“

Бубе Јаневска: „Поради вишокот на килограми се затварав во себе и се закопчував до грло“

Водителката Бубе Јаневска важи за една од најзгодните и најубавите ТВ лица.

Водителката решена да стигне до целта односно да се ослободи од вишокот на килограми претходната година се стави на посебен режим на исхрана.

Имено, таа започна да се храни со помош на програма на нутриционист, а на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои ја покажува својата нова линија.

фото: Инстаграм/бубе јаневска

Водителката за „Женски магазин“ раскажа дека поради вишокот на килограми и се нарушила самодовербата и се затворила во себе.

Тоа што бев незадоволна како изгледам ми донесе ниска самодоверба, затворање во себе, некаков револт којшто не знаев како да го контролирам и како да се справам со него. Потоа гардеробата… Стилот кој го негувам, како растеа килограмите, така исчезнуваше. Почнав да се затскривам зад поширока облека, да се закопчувам до грло, да избегнувам да носам дури и штикли. И наоѓањето соодветна позиција пред тв камерите каде што нема да се познава вишокот почна да ми станува секојдневна преокупација, па дури и да ме фрустрира. Тоа едноставно не бев јас. Откако знам за себе, никогаш не сум имала проблем со килограмите, ниту, пак, некогаш сум држела диети. Сум имала идеална тежина која со плус, минус 1-2 кг сум ја одржувала без многу мака. Но, во текот на бременоста отидов многу во плус со килограмите кои по породилниот период ги минусирав близу до моите идеални. И оттука мислам дека започна се`“, раскажува Бубе.

фото: Инстаграм/бубе јаневска

Таа вели дека одвреме – навреме знаела да изгуби 2, 3 килограми, но повторно да попушти пред искушенијата на слатки.

Бубе додава дека започнала да бара, да истражува кој начин на исхрана и е правилен за неа, па така на социјалните мрежи пронашла нутриционист која и помогнла да се ослободи од вишикот на килограми

фото: Инстаграм/бубе јаневска

Водителката вели дека во текот слабеењето имала моменти на криза, па знаела некогаш да ги прекрши правилата.

–  Имало такви моменти. Но, јас не сум љубител на грицки и тие ги нема во неодоливата храна. Признавам дека сум ,,фаќала кривини” да се замезам со нешто, но не сум заменувала оброк со нешто друго. Кифличките ме предизвикувале и не сум можела да одолеам, признавам. Но, при секое правење отстапка се одложува за ден два губењето грами. Стагнираш или додаваш некој грам, задржуваш течности и тоа може да демотивира. Па, така со текот на времето наместо да посегнувам по нешто што не е на мени, во моменти на криза го јадев она што го имав за појадок или вечера тој ден, исто така, знаев да пијам дополнително вода за да го излажам желудникот“, вели Бубе за „Женски магазин“.

Потсетуваме, Бубе е во брак со Александар Ивановски, а тој и бил голема поддршка во слабеењето  и е горд на неа.

To top