Радио Милева Жешко

Брутално секси: Крупен кадар од задникот на Катарина Ивановска за престижниот Вог (фото)

Брутално секси: Крупен кадар од задникот на Катарина Ивановска за престижниот Вог (фото)

Да се биде дел од престижното издание на модниот магазин Вог треба да да исполнат доста критериуми кои ги бара уредникот, а Катарина Ивановска ги има сите потребни.

Нашата позната манекенка со интернационална кариера досега многупати чекореше по модните писти на ултра познати светски брендови, а ги красеше и содржините и насловните страници на повеќето такви модни магазини.

Секое финално издание од пред фото – објктивот, независно дали на неа има парче облека од помалку или повеќе познато дизајнерско име, Каратрина изгледа совршено.

Иако во денешто време се повеќе во тренд се облините и естетските корекции, светот на модата се уште преферира убавина како онаа на Катарина – природна.

Меѓу нејзините последни објави на Инстаграм се најдоа перфектните фотографии за шпанското издание на магазиот Вог од 2007 година.

Ленни и жешки истовремено, особено онаа од крупниот кадар во позадината на Ивановска која се присети на времето кога позираше за Вог.

За потсетување, уште откако ја започна својата манекенска кариера во 2004 година, таа се појави на Миланската модна недела, а подоцна истата година се најде во едиторијал за магазинот „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското I руското издание на „Vogue“. Ги красеше и насловните страници на магазините „Diva“ и „Máxima“,

фото:Инстаграм принтскрин/Катарина Ивановска

To top