Поп-ѕвездата Наташа Беквалац во својата кариера повеќе од две децении го привлекува вниманието на медиумите и со успесите на сцената но и со случувањата во приватниот живот.
Таа изминатиот викенд настапила во Требиње во ексклузивниот комплекс „Град на сонцето“ во рамки на манифестацијата Мјузик фест Требиње. „Мала плава“ одржала спектакуларен концерт, ја воодушевила публиката со својот изглед и енергија, додека за Ало.рс искрено и духовито проговорила за нејзиниот емотивен живот, за тоа што е самохрана мајка, но и за порокот со кој се бореше.
Таа зборувала за врската со наследничките, но и за нивните татковци. Како што вели, најтешка задача и е да ги води Хана и Катја на вистинскиот пат, со оглед на тоа што е самохран родител.
– Во родителството сум сама и тоа е тешко, но и се што е големо е тешко, вели пејачката. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија која доста ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам 20 години на највисоко ниво. Тоа се двете работи кои ме исполнуваат и ме обземаат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред.
Тешките ситуации не прават помудри и позрели, а ние три навистина имавме тешки години. Поминавме низ многу тежок период и од тој период излеговме како победници. Од двете научив многу и знам дека ми се дадени да ме научат на живот – изјави пејачката која ја откри својата магична комбинација за успех.
Убавата пејачка зад себе има три брака, од првиот со Дача Икодиновиќ ја има ќерката Хана, додека од последниот со Лука Лазукиќ помладата наследничка Катја. И додека таа често за медиумите за врската со првиот сопруг изјавува дека добро функционираат поради детето, изгледа дека ситуацијата во последно време се променила. Оваа исповед на Наташа Беквалац ги иззема двајцата поранешни партнери со кои има деца, бидејќи како што вели, не зборува за татковците ниту на едната ниту на другата:
– Од љубов кон моите деца никогаш нема да зборувам за нивните татковци, особено затоа што немам претерано афирмативни работи за кои дефинитивно би рекла дека ги имам – изјавила пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац