Пејачот Саша Ковачевиќ (37) многу се грижи за својот изглед, а судејќи по телото изгледа како да не излегува од теретана.
Саша низ годините важеше за еден од најзгодните мажи на јавната сцена и сето тоа благодарение на здравата исхрана и напорниот тренинг.
На неговиот Инстаграм често може да се видат објави од теретана, а сега се појавија фотографии на кои пејачот го покажа секој издлабен мускул на телото. Имено, Ковачевиќ позираше во минијатурна долна облека, притоа стискајќи ги рацете и нозете, како и стомакот, а во преден план беа плочките.
И додека некои го пофалија изгледот на пејачот, од друга страна, имаше и такви кои веруваат дека тој сепак претерува и дека изгледа како вистински боди билдер.
„Изгледаш совршено“, „Колку си згоден“, „Ова е премногу“, „Беше премногу згоден, а сега ова е поблизу до очај“, „Мислам дека премногу се наполни“, гласат коментарите.
„Јас сум поддржувач на здрав живот, што веројатно може да се види на некои фотографии од животот што го водам. Се трудам да си легнам порано, да јадам добро и да вежбам“, рекол тој во една прилика.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Саша Ковачевиќ/Марко Вукотич