Богатството на славниот актер се проценува на 250 милиони долари. На ќерките кои ги добил со поранешната сопруга Деми Мур, Румер (34), Скаут (32) и Талути (28) ќе им остави по милион долари, вели извор за „Радар онлајн“.
Најголемиот дел од богатсвото ќе ѝ припаѓа на неговата сегашна сопруга, Еми Хеминг Вилис и нивните ќерки Мејбел (10) и Евелин (8) не затоа што актерот е поприврзан со нив, туку поради тоа што е сигурен дека неговите наследнички од првиот брак се материјално обезбедени, вели изворот.
Во прилог на тоа оди богатството на Деми Мур од 200 милиони долари, кои таа ќе им ги остави на децата.
View this post on Instagram
„Брус смета дека на Румер, Скаут и Талути нема ништо да им недостасува. Првпат го промени тестаментот во 2009 година, откако се венчаше со Ема, потоа неколку месеци по раѓањето на нивните деца и потоа откако дозна дека има сериозен здравствен проблем“, додава изворот.
Состојбата на славниот холивудски актер се влошила, тој сè потешко комуницира, а семејството се труди да помине што повеќе време со него. И Ема и Деми се негова голема поддршка.
фото: Инстаграм принтскрин