Фотографите го „уловија“ легендарниот холивидски актер Брус Вилис како од клуб излегува толку пијан што не може самостојно да оди.
Очигледно актерот испил повеќе во еден клуб во Лондон, па го фотографираа како губи рамнотежа додека неговите телохранители се обидуваат да го внесат во автомобилот.
Го држат за двете раце, а во неколку наврати за малку не се срушил на земјата, пренесува „Мирор“.
Во почетокот ги оттргнувал, но сфатил дека не може сам, па ја прифатил помошта.
Кога го сместиле во автомобилот, брус собрал сила на собраните папараци да им го покаже средниот прст.