Брус Вилис се бори со ран стадиум на деменција, покажуваат новите информации за здравствената состојба на 66-годишниот актер.
Режисерот Мет Ескандари, кој со актерот работел на снимање на повеќе филмови, ја открива неговата состојба.
„Вистина е. Режирав четири филмови со него, така што со сигурност го знам тоа. Тажно е да гледате како легенда како Брус се распаѓа пред вашите очи. Видов како е да се работи со него последниве неколку години“, напишал коментар на Фејсбук под видеото за гласините за болеста на Вилис.
Според пишувањето на странските медиуми, Брус сака да заработи што повеќе пари додека е во можност да го прави тоа. Поради тоа тој толкува улоги и во Б филмовите. Според „IMBD“, само во 2022 година ќе има најмалку 11 нискобуџетни продукции во чија филмска екипа е и Брус Вилис.
View this post on Instagram
Брус Вилис е една од најголемите актерски ѕвезди. Настапуваше во трите делови од легендарниот „Умри машки“, а заработил речиси милијарда долари профит ширум светот.
Брус во 1999 година со Стивен Спилберг и Џејмс Камерон, бил на листата 100 највлијателни луѓе во кинематографијата.
фото:инстаграм/брус вилис