70-годишниот олимпиец Брус Џенер стана Кејтлин Џенер во 2015 година, но таа повеќе не ужива во интересот од медиуми што го имаше додека беше Брус и сопруг на славната Крис Џенер.
Последното шоу што го снимише, беше она со Крис (64) и другите членови на семејството, но многу нешта од тогаш се променија. Тој сега е жена и се пресели во Австралија поради осуда на јавноста.
Почетокот на новото ријалити „A Celebrity… Get me out of here“ не беше она што веројатно замислилa 70-годишната Џенер. Таа се пресели во австралиската џунгла, а првите 24 часа тие беа речиси фатални за нејзиниот статус во шоуто.
Иако со години е пред камера поради „Keeping Up With The Kardashians“, Кејтлин не се справува со дивината и со кандидатите во новиот проект, и иако продуцентите велат дека и платиле повеќе од половина милион долари за да влезе во шоуто, излегувбањето беше скоро експресно.
Џенер го помина утрото во солзи додека другите натпреварувачи спиеја, а потоа го тестираше импровизираниот туш облечена во бикини.
– Тука не се чувствувам добро. Ме боли главата. Јас имам 70 и време е да се запрашам дали воопшто треба да бидам тука. Дали е тоа добра идеја или подобро е да се вратам дома веднаш и да минувам време со моите внуци? “, се жалеше Џенер.
Кејтлин исто така имаше свое реално шоу некое време, но тоа не траеше долго бидејќи интересот на публиката исчезна од епизода во епизода. Дури и нејзините интимни интервјуа веќе не се сензација.