Мегафон албум

„Брука“ го промовираат првиот албум „До преѓе“

„Брука“ го промовираат првиот албум „До преѓе“

Конечно по долги 4 години од започнување на нивната авантура наречена „Брука“, со радост и гордост ве известуваат дека на 18.12.2018, Вторник со почеток од 19:30 ќе се случи слушачка промоција на првиот албум на бендот, насловен како првиот сингл и голем хит “До преѓе”.

Во центарот на градот, во добро познатиот Џус Бар *(Juice Bar) на улица Ленинова, ќе имате можност да го слушнете 33 минутниот деби албум со 10 композиции, како и да го купите Цд-то по промотивна цена.

Албумот е сниман во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се потпишува како Продуцент, како и микс и мастер на композициите. Алшар започнува и со издавачка дејност па природно ова издание е 001 во многуте изданија кои следат во 2019.

Музиката е на јадрото на бендот : Дарко Масларковски(вокал), Жарко Масларковски (вокал), Љубиша Симоновски (тапани), Александар Савовски (гитара), Валентин Видовиќ (алт и тенор сакс), Зоран Велковски (бас гитара). Аранжманите се на бендот, додека текстови потпишуваат Дарко и Жарко. Во албумот ќе слушнете весели мелодии, реге грув, хумористични и саркастични лирики со широка тематика која го опишува и исмева животот и ситуации типични за Македонија.

Во снимањето на албумот освен јадрото учество земаа и: Антонио Насевски (Канон, Црногорска филхармонија) – клавијатури, Димитрија Митровски (Пука Козметика) – диџеј, Маријан Петровски (Стил Темпл) на бас гитара, Бранко Илиевски (Суперхикс, Македонска филхармонија) на тромбон, Александар Илиевски – Шајо (Конкверинг Лајон, Градски оркерстар) на труба, Арсо Јаневски – Раста (Тумбао Салас Бенд) на перкусии.

Наскоро треба да излезе и третиот видео запис за песната “Кривина”, а бендот се надева дека својот прв самостоен концерт ќе го има негде на пролет 2019 година.

Брука досега има свирено на многу познати и признати фестивали, манифестации и забави, а би ги издвоиле: Пиволенд, Демофест – Бања Лука, Д Фестивал, МАН- македонски алтернативни награди, Боб Марли Б-ДЕЈ, Плоштад Прилеп (новогодишна забава), Лузер фест и многу други.

„Во гаража веќе се работи на следниот албум за кој се надеваме да не чекаме повторно 4 години и да илзеле во 2019 година“ – велат членовите на бендот канејќи ве на претстојната промоција.

To top