Радио Милева
наскоро нов дует

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена – снимила песна со Елтон Џон: „Имаме летен хит“ (фото)

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена – снимила песна со Елтон Џон: „Имаме летен хит“ (фото)

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена. Имено, јавноста наскоро ќе може да го слушне нејзиниот дует со Елтон Џон, односно обработка  на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година.

Според странските медиуми, тие го снимиле минатата недела во студио во Беверли Хилс. А, „Universal Music“ ќе го објави следниот месец.

“Ова беше негова идеја, а Бритни го обожава. Тие снимија обработка на легендарниот сингл “Tiny Dancer” и навистина звучи неверојатно. Тие работеа со продуцентот Ендру Ват”, рекол неименуван извор.

Тој додаде дека ова дефинитивно ќе биде хитот на летото и дека Бритни се радува на големото враќање. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ го објави во 2016 година.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева