Во текот на февруари една од главните теми кога станува збор за поп музиката е документарниот филм за Бритни Спирс насловен како „ Framing Britney Spears“ во кој е објавено како јавноста се поигрува со приватноста, кариерата и менталното здравје на американската поп ѕвезда.
Бритни досега не се огласуваше и несакаше да коментира. Пејачката во описот на видеото на кое танцува на песната „Aerosmith“, напиша:
„За мојот живот секогаш се шпекулираше. Ме гледаа….Ме осудуваа.Навистина целиот мој живот. Поради мојот здрав разум секоја вечер морам да танцувам за да се чувуствувам живо. Целиот мој живот бев изложена да настапувам пред луѓе. Треба многу сила за да му верувам на универзумот додека сум ранлива бидејќи ме осудуваа. Навредуваа. Медиумите ме посрамотуваа. И денес го прават тоа. Животот иде понатаму, а ние луѓето и понатаму сме чувствителни“, напиша пејачката.
Таа проговори и за документарниот филм.
„Не го гледав документарецот, но според она што го видов досега, засрамена сум од начинот на којшто ме прикажува… Плачев две недели и… па, некогаш уште плачам! Правам што можам обидувајќи се да ги зачувам мојата радост, љубов и среќа. Секојдневното танцување ме прави радосна! Не сум овде за да бидам совршена… совршенството е здодевно. Јас сум овде за да споделувам добрина“.