Радио Милева

Бритни Спирс предизвика пожар во својата теретана за време на изолација (видео)

Бритни Спирс предизвика пожар во својата теретана за време на изолација (видео)

Популарната пејачка за време на изолација доживеала пех, за среќа никој не е повреден.

Имено, Бритни Спирс на „Инстаграм“ откри дека предизвикала пожар во теретаната која се наоѓа во нејзиниот дом.

Пејачката истакна дека оставила две запалени свеќи кои предизвикале пожар во нејзината теретана.

„Беше несреќа, но јас сум виновна. Поминав покрај вратата на теретаната и видов пламен. Му благодарам на Бога, алармот наскоро се изгасна и никој не беше повреден. За жал, сега имам само две парчиња опрема и еднострано огледало”, напиша пејачката под објавата.

Фановите под објавата и пружија поддршка потенцирајќи дека единствено што е важно дека таа е добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

To top