Радио Милева историјата се повторува

Бритни Спирс повторно ја скрати косата па им се обрати на своите фанови (фото+видео)

Бритни Спирс повторно ја скрати косата па им се обрати на своите фанови (фото+видео)

Познатата пејачка Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави ново видео во кое открива дека ја скратила целата коса.

На видеото се гледа како Спирс се бања облечена само во долен дел од бикини и розова капа, а со рацете ги покрива голите гради.

„Ја отсеков целата коса, но сè уште не сакам да ја покажам“, напиша таа во описот на видеото.

Бритни моментално се одмара со својот трет сопруг Сем Асгари на хавајскиот остров Мауи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Да потсетиме, Спирс си ја избричи главата во февруари 2007 година во фризерски салон, а само ден потоа беше примена во центар за рехабилитација на Карибите. Таа се одјавила по неколку часа, а потоа била примена во друг центар за рехабилитација во Малибу.

– Тоа беше многу, многу лош период во мојот живот. Поминував низ многу лоши работи со моите деца и со Кевин (Федерлајн), објасни Спирс во специјалната емисија на МТВ од 2008 година „Britney: For The Record“.

-Тој штотуку ме остави и бев скршена. Луѓето почнаа да мислат дека се дрогирам. Некои мислеа дека полудувам и такви работи. Луѓето постојано си ги бричат ​​главите“, продолжи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

– Но, јас поминував низ многу, а тоа беше, на некој начин, како еден вид бунт или чувство на слобода или отфрлање на работите што се случија. Имам многу добри денови, а потоа имам лоши денови. Понекогаш сето тоа е премногу за мене. Никој не може да се занимава со такви работи – рече таа.

Документарниот филм на Фил Грифин „Britney: For The Record“ е снимен додека пејачката сè уште беше под 13-годишно старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, а конечно беше завршен во ноември минатата година.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Бритни Спирс

To top