Странските медиуми пишуваат дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се подготвуваат за трон. Она на што најмногу обрнуваат внимание е брачната заедница на парот.
„Тие внимваат еден на друг на разни начини. Некои луѓе ќе речат дека нивниот брак е старомоден, но тие функционираат“ вели добро известен извор и додава:
„Тие имаат различни улоги, но работат како тим“.
Нивната тимска работа најмногу се забележа за време на нивното службено патување во Пакистан во октомври. Британските медиуми пишуваат дека принцот Вилијам е подбар избор за крал од принцот Чарлс.
„Има подобар изглед во јавност, а и стои цврсто на земјата во однос на другите членови на кралското семејство“ вели кралскиот историчар Роберт Лаци.
Дали во 2020 година ќе дојдат нови моменти за кралското семејство, останува да видиме.