Радио Милева

Британскиот принц се ослободува од кралските должности: „Викајте ме само Хари“

Британскиот принц се ослободува од кралските должности: „Викајте ме само Хари“

Принцот Хари пристигна во Велика Британија за да биде дел од конференцијата „Travalis“ која се однесува на новитетите во туризмот.

Хари бил виден на железничката станица во Единбург каде што бил облечен во опуштено издание и сакал да се сокрие да не го препознаат.

Сепак, сите ги изненади кога ги замоли да не го нарекуваат принц.

фото: профимедиа

„На сите ни кажа да го викаме само Хари. Дами и господо, ве молам љубезно да го поздравиме Хари“, изјави водителката на конференцијата кога го најави неговото појавување.

фото: профимедиа

Меган Маркл во Лондон ќе се појави во март, па ќе му се приклучи на церемонијата на доделување награди заповредините и болни војници.

Двајцата последните службени должности ќе ги завршат пред 31 март.

 

To top