Данската манекенка и актерка Бриџит Нилсен објави дека пак е бремена и тоа на 54-годишна возраст, соопшти “Билд”. Поранешната сопруга на холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне сподели фотографии на Instagram, на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.
Бриџит ја започна својата кариера како модел за Армани, Версаче и Фере. Таа се стекна со популарност кога Слаи и даде улога во “Роки IV” во 1985 година.
На крајот на истата година двајцата се венчаа, но нивниот брак траеше само 2 години.
Сепак, Бриџит остана во добри односи со Сталоне и го заштити од обвинувањата дека е обидел сексуално да злоставува 16-годишно девојче за време на снимањето на филмот “На врвот” во 1986 година.
Бриџит има вкупно четири сина од петте брака.
Нејзиниот последен сопруг е Матија Деси, кој е 15 години помлад од неа.