Радио Милева

Брендон од „Беверли Хилс“ наполни 50 години, а сега е поголем фраер отколку пред 29 години (фото)

Брендон од „Беверли Хилс“ наполни 50 години, а сега е поголем фраер отколку пред 29 години (фото)

Актерот Џејсон Пристли наполни 50 години, а веќе им е добро познато на сите фанови на серијата „Беверли Хилс 90210“ дека екипата се соедини и дека започна враќањето на серијата.

Омилената тинејџерска серија „Беверли Хилс“ започна да се емитува во 1990 година и заврши по цели десет години, 2000 година. Серијата прикажа вкупно 293 епизоди, а сега омилените тинејџери се вратија на малите екрани. За жал, без Лук Пери, кој почина во март 2019 година на 52-годишна возраст.

После 29 години, оригиналната постава на познатата серија се собра во Пич Пит и Џени Гарт, Шенон Доерси, Jејсон Пристли, Тори Спелинг, Брајан Остин Грин, Габриел Картерис и Иан Заринг повторно влегоа во улогите на Кели, Бренда, Брендон, Дона , Дејвид, Габриел и Стив и го сруши рекордот со тоа што веќе ја покажа првата епизода!

Покрај тоа што се возрасни, актерите деновиве имаат семејства, деца, брак или бракови … и продолжението на текстот ќе го посветиме на згодниот Џејсон или Брендон.

Непосредно по снимањето на серијата, Пристли доживеа тешка сообраќајна несреќа во која се здоби со скршеница на ‘рбетот, потрес на мозокот и мноштво други повреди. Поради неговите здравствени проблеми и менталната состојба, со кои се бореше години подоцна, тој немаше значајни актерски улоги.

Со својата втора сопруга, од која се разведе во 2005 година, тој има две деца, ќерка и син, а интересно е што тој и Шенон Доерти се забавуваа додека ја правеа хит серија.

„И токму тоа – близнаците се вратија“, напиша неодамна Шенон, објавувајќи фотографија со Џејсон од снимањето.

И исто така. Откако беа најпопуларни и најомилени ликови кон крајот на 90-тите, тие се повторно тука и повторно и повторно ги обожава публиката, иако веќе не се тинејџери.

Обожавателките на Брендон коментираат дека актерот изгледа многу пофраерски отколку пред 29 години.

фото:инстаграм/доминик бинди,гети имиџис,принтскрин

To top