Американската актерка Шенон Доерти, која најмногу ја паметиме по улогата на Бренда од серијата „Беверли Хилс“, веќе три години се бори со ракот на дојка.
Колку е храбра жена говори фантот дека не исчезна од јавноста, туку е во постојана комуникација со фановите. Овој пат гостувајќи во емисијата „Добро утро Америка“, откри дека оваа животна ситуација и помогнала да стане подобра актерка.
-Мисалм дека ме направи и подобар човек. Таа ги руши сите ѕидови, сите бариери, се што ви сервирал жовотот, вели актерката.
View this post on Instagram
Шенон во 2015 година откри дека има рак на дојка по што го тужеше својот менаџер поради неплатено осигурување. Тогаш на судот му кажа дека тоа ја спречило да добие медицинска нега, како што вели да си помогне во борбата против болеста.
Доерти сега вели дека лечењето засега оди добро.
фото:Gulliver/Getty, Instagram