Радио Милева

Брена и Боба се огласија за првото внуче: „Јавноста тоа погрешно го сфати“

Брена и Боба се огласија за првото внуче: „Јавноста тоа погрешно го сфати“

На краткиот одмор во црна Гора, славната пејачка уживаше со сопругот Боба Живојиновиќ во радосната вест дека на почетокот на следната година нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.

На прашањата на новинарите, Брена откри дека јавноста порди лошо пренесената информација од медиумите, погрешно сфатила дека Боба последен дознал за бременоста на снаата.

-Веста дека Александра и Филип ќе имаат бебе одекна во нашето семејство, а месец дена од бременоста тоа ни го соопшти Боба, кој прв дозна. Тој е човек со светски манири и таа информација ја чуваше за најблиските членови на семејството, што во јавноста беше погрешно протолкувано. Сепак, сметаме дека тоа е одлука на родителите кога сакаат јавноста да дознае. Ние сме среќни што ќе го имаме првото внуче во семејството, изјавува Брена.

To top