Радио Милева мајчинството пред убавината

Бремената Тамара Милутиновиќ тргна да става ботокс, а докторката ја прашала: „Дали си ти нормална?“

Бремената Тамара Милутиновиќ тргна да става ботокс, а докторката ја прашала: „Дали си ти нормална?“

На својата венчавка, која се одржа во кругот на семејството и најблиските пријатели, Тамара Милутиновиќ ја објави прекрасната вест дека таа и нејзиниот партнер чекаат бебе кое за неколку месеци ќе ја исполни нивната љубов.

Пејачката не ја крие среќата што ќе стане мајка на мало девојче, а ужива во секој момент од блажената состојба, но неодамна сакаше да оди на третман за освежување на лицето, арно ама…

Имено, Тамара сакала да стави ботокс, нешто што го прави редовно за да спречи појава на брчки, што не е дозволено да се прави кога си во блажена состојба.

„Ставав ботокс и сакав да го направам тоа и сега, а докторката ме праша дали сум нормална, бидејќи во оваа состојба тоа не е дозволено. Инаку, навреме се грижам за својот изглед, фала Богу се’ до сега“ – изјави Милутиновиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин/tamaramilutinovic

To top