Тревис Баркер мораше да ја откаже турнејата со Blink-182, откако неговата бремена сопруга Кортни Карасјан заврши во болница.
Бендот во петокот објави дека го одложува почетокот на серијата концерти во Европа поради „итна семејна ситуација“ на нивниот тапанар. Кортни Кардашијан помина кратко време во болница и се врати дома во Лос Анџелес, изјави извор за People.
„Таа се чувствува подобро и среќна што Тревис се врати дома“, додаде инсајдерот. Засега не е познато зошто Кортни побарала лекарска помош, а таа беше фотографирана како излегува од болница со сопругот минатата сабота.
Поради итна семејна ситуација, споменатиот бенд ги одложи настапите во Глазгов, Белфаст и Даблин и порачаа дека во најбрз можен рок ќе излезат со нови информации.
Во меѓувреме, Тревис објави слика од аеродромот во Глазгов со натпис: „Ајде да се молиме заедно“ додека Кортни се повлече од социјалните мрежи.
Кортни Кардашијан, која летово беше „мета“ на папараците и Тревис Баркер се венчаа во 2022 година, а во јуни објавија дека очекуваат син. Телевизиската ѕвезда ја покажа својата борба повторно да остане во блажена состојба во реалното шоу Хулу. Таа има три деца од врската со Скот Дисик, музичарот има ќерка и син од претходниот брак.
Фото: Принтскрин/Прпфимедиа