Пејачката Кети Пери на почетокот на март откри дека е бремена, а еден месец подоцна заедно со својот партнер Орландо Блум открија дека очекуваат девојче.
Оттогаш нејзините фанови со нетрпение очекуваат нови детали, а Кети во последната емисија на „Американски идол“ ги почести со неколку информации.

Како што истакна се уште не знае што значи да се биде мајка, но секогаш имала мајчинско чувство кон своите пријатели и фанови.
Исто така, таа ги насмеа фановите велејќи дека нејзината ќерка во стомак удира секој пат кога ќе пее добар кандидат.

„Нека бидат добри, само не предобри затоа што сепак тоа е болно“ изјави Кети.
Освен тоа, пејачката во една од последните објави го покажа пораснатото трудничко стомаче, а повеќето забележаа драстична промена на физичкиот изглед на пејачката.
