Американската манекенка, Емили Ратајковски (29) е фотографирана на плажа во Калифорнија со нејзиниот сопруг Себастијан Бехр Меклард (31) и по тој повод го истакна го покажа своето прекрасно тело.
Имено, славната манекенка се сончаше во костим за капење од сопствената колекција и го истакна поголемиот труднички стомак во минијатурно бикини .
Емили носеше кафено бикини со дезени од колекцијата „Лас Олас“, која чини 150 долари, на главата носеше бело капаче и црни очила за сонце.
29-годишната манекенка неодамна откри дека е во 28-та недела од бременоста, но се чини дека не се плаши премногу од новиот бран на пандемијата на коронавирусот кој е актуелен Америка.
Во таа прилика, манекенката не носеше заштитна маска за да се заштити себеси и другите од Ковид-19, но ја почитуваше физичката оддалеченост од другите луѓе.
Фановите се малку загрижени за неа и сметаат дека треба да биде изолирана од сите до крајот на бременоста, но велат дека изгледа како божица и дека воопшто не се здебелила, освен што и пораснал стомакот.