Радио Милева крајот на почетокот се ближи

Бремената Антониа Гиговска исплашена од она што ја чека: „Стравот е се’ поголем“ (фото)

Бремената Антониа Гиговска исплашена од она што ја чека: „Стравот е се’ поголем“ (фото)

Месец јули се ближи, а со тоа се ближи и крајот од бременоста на пејачката Антониа Гиговска која вели дека и требало одмор од се’, па тоа и го направила.

Таа во војата најнова објава на Инстаграм го сподели своето моментално чувство на спокој, но и страв од она што доаѓа, односно дека се ближи крајот од бременоста и на ред е породувањето.

Таа ги опишува како слатки мажи, се уште незнаејќи што ја чека, но храбро оди кон повикот на природата и се носи со девизата дека жените можат и издржуваат се’.

-Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво, е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам за нив. Да бидам искрена како се близи крајот, така стравот е поголем, ама ние жените сме јаки, избржуваме се’! пишува Антониа во обраќањето до фановите на својот Инстаграм профил.

Освен ова мама Антониа откри дека деновиве ќе слика нова фотосесија од последните труднички денови. За потсетување, пејачката и нејзиниот сопруг и колега, Роберт Спасенцоски ќе станат родители на машко бебе кое ќе се роди во една приватна болница во Скопје.

фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска

To top