Бергузар Корел, актерка попозната како Шехерзад и нејзиниот сопруг Халит Ергнеч го чекаат нивното трето дете.
Таа уште повеќе е посреќна бидејќи конечно по два сина ќе добие ќерка.
Актерката е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и покажува како изгледа во бременоста.
Меѓутоа, деновиве Корел прими и втора вакцина за заштита од коронавирус. На социјалните мрежи се појави фотографија од Шехерезад додека се боцка, а во описот напиша:
„Добро утро. Влегов во својата 36-та недела, Фала му на Господ. Добро здравје, Многу антитела. На сите мои бремени другарки“, напиша таа во описот.
фото: инстаграм/бергузар корел