Радио Милева соживеан со улогата

Бредли Купер филмското сценарио го живеел и во приватноста: „Бев зависен, но имав многу среќа“

Бредли Купер филмското сценарио го живеел и во приватноста: „Бев зависен, но имав многу среќа“

Актерот Бредли Купер за изповеда за проблемите и забисноста во минатото и објаснил дека е среќен поради тоа што е трезен, откако поради борбата со зависноста од дрога и алкохол за малку ќе го загубел животот.

Актерот од филмот „Ѕвездата е родена“ разговарал со Бир Грилс којшто се занимава со преживување.

„Што се однесува до алкохолот и дрогата, да, бев зависен, но тоа нема врска со славата. Имав среќа, па се отрезнив на 29 години, па веќе 19 години не сум посегнал по ништо. Имав многу среќа“, изјавил актерот.

Холивудската ѕвезда се борела со тешка зависност од дрога и алкохол на почетокот на 2000-те години и како што признава, тоа направило хаос во неговиот живот. Претходно тој споделил дека неговата зависност довела до тоа да биде отпуштен од акцискиот трилер со Џенифер Гарнер „Алиас“.

Изјавил дека речиси доживеал слично сценарио како во 2011 година откако починал татко му. Додал дека играњето на ликот којшто се соочувал со слични проблеми во филмот „Ѕвездата е родена“ заедно со Лејди Гага, му помогнал да се опушти.

„Имав многу среќа со улогата која мораше да ја играм. Тоа беше вистински благослов. Се надевам дека ќе продолжам да го правам тоа“, изјавил Бредли, пренесува „Mirror“.

фото:Инстаграм

To top