Радио Милева

Бредли Купер е во врска со 14 години помлада колешка?

Бредли Купер е во врска со 14 години помлада колешка?

Холивудскиот актер Бредли Купер се раздели од неговата партнерка, руската манекенка Ирина Шајк, а заедно ја имаат ќерката Леа де Сена.

Тие се разделија по доделувањето на „Оскарите“ кога Бредли и Лејди Гага ја отпејаа познатата „Shallow“, а во медиумите се појавија шпекулации дека меѓу парот има нешто повеќе од пријатели.

Пред неколку месеци се огласи и Гага која откри дека со Купер ја смислиле таа сцена и сакале да дадат магија на настапот.

Меѓутоа, сега странските медиуми тврдат дека актерот е во врска со неговата 14 години помлада колешка Ана де Армас.

фото: Профимедиа

Наводно, актерот неодамна ја сретнал Ана на едно случување со кое е најавно овагодинешното доделување на „Златните глобуси“.

„Тој цело време се шегуваше и не ја тргаше насмевката од лицето. Изгледаше многу заинтеренсирано, а и Ана не престана да се смее“ вели извор.

Убавицата од која Бредли не можел да се раздели е кубанската актерка Ана де Армас (33) која публиката ја знае по улогата во серијата „Интернат“.

фото: јутуб

Јасно беше дека флертуваат. Во почеток на месецот заедно ручаа пред доделувањето на Златните глобуси и очигледна беше хемијата меѓу нив“, тврди изворот.

Интересно е тоа што Бредли и Ана се знаат бидејќи во 2016 година заедно играа во серијата „Wars dogs“.

 

To top