Актерот Бред Пит веќе неколку месеци има нова девојка, 27 годишната германска манекенка Никол Потуралски која ја однесе на романтичен одмор во Франција.
Извор близок на актерот тврди дека тој се чувстува одлично и не се грижи за коментарите за новата девојка, ниту пак за коментарите на поранешната сопруга Анџелина Џоли со која следниот месец ќе ја води завршната борба за старателството на децата.
„Бред не беше премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од животот, Бред е пресреќен што најде некој кој го сака, милува, чува….“, вели пријател на актерот и додава дека Пит му се доверил дека се чувствува сакано.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Никол крена прашина со коментарот дека среќните луѓе не мразат, а фановите прокоментираа дека упатила тајна порака на Анџелина.