Радио Милева

Бред Пит со постапката кон својата пријателка е господин во секоја смисла (видео)

Бред Пит со постапката кон својата пријателка е господин во секоја смисла (видео)

Холивудскиот актер Бред Пит и се придружил на телевизиската екипата во која соработува со браќата Џонатан и Дру Скот.

На сите ни треба добра телевизиска програма, интересно шоу, па за среќа, Бред Пит е позната личност која е дел од шоуто „Познати IOU“.

Оскаровецот ја изненадил својата долгогодишна пријателка и шминкерка со реновирање на нејзината гаража во апартман за гости, додека таа била надвор од градот.

После реновирањето, Пит се спријателил со целата екипа која ја преуредувала гаражата.

„Сакаше сите да се чувствуваат како да поминува време со нив со желба да ги запознае“, рекол Скот за „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Property Brothers ?? (@propertybrothers) on

„На самиот крај се сети на името на секој поединец од целата екипа. Се сети на сите и сакаше да се увери дали знаат колку е благодарен за она што го направија. Беше господин во вистинска смисла“, пренесува CNN.

Други ѕвезди кои оваа сезона ќе бидат дел од емисијата се Мајкл Бабл, Ребел Вилсон, Џереми Ренер и Мелиса Макарти.

To top