Холивудскиот заводник Бред Пит (55) проговори за животот како самец откако се разведе од актерката Анџелина Џоли (44). За странските медиуми вели дека сега ужива, како и тоа дека социјалните мрежи воопшто не го интересираат, пишува Блиц.
-Моментално уживам во животот и не сакам да го прифатам Инстаграм, едноставно не гледам потреба од тоа. Можеби еден ден ќе го сменам мислењето, но сега немам потреба за тоа, изјавува славниот актер.
Анџелина Џоли наскоро ќе почне со снимање на нов проект во Ново Мексико каде ќе го помине остатокот од летото. Актерката до сега не сакаше да го дели старателството со Бред, па на ова се гледа како голем проблем во нивниот однос.
Некогашниот славен холивудски пар ја започна романсата во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Беа заедно повеќе од 10 години, а во брак две години. Се разделија во 2016 година, а оттогаш се уште се по судови.