Бред Пит (55) важи за еден од најпопуларните актери, а својата кариера ја градеше со деценции.
Тој вели дека со текот на времето тешко можел да се носи со популарноста. Во интервју за „New York Times“ актерот открива дека во текот на 90тите не му годела популарноста и славата.
„Поголемиот дел од времето го поминував криејќи се и пушејќи марихуана. Ми беше многу непријатно поради преголемото внимание“ вели Бред.
Тој потенцираше дека престанал да користи марихуана оној момент кога сфатил дека се чувствува затворено.
„Сега излегувам и живеам, а луѓето се „кул“, вели актерот и објаснува дека престанал да се крие кога сфатил дека благодарение на неговите филмови луѓето се чувствуваат подбро.
“Не се обидувам да кажам дека некој треба да биде восхитен од мојата големина, туку дека имам можност на некого да му го разубавам денот. Тоа е реткост”, навел Бред.