Актерот Бред Пит го доби првиот Оскар и тоа за споредна улога во филмот „Беше еднаш во Холивуд“.
Бред победи на Оскарите 2020, а големо внимание привлече на црвениот килим.
Ова беше првиот Оскар доделен вечерва и прв во актерска категорија за Бред Пит, за неговата улога во „Once Upon a Time . . . in Hollywood“ на Квентин Тарантино.
Пит го доби Оскарот во исклучително силна конкуренција, што ѝ дава дополнителна тежина на оваа награда: Том Хенкс во „A Beautiful Day in the Neighborhood“, Ентони Хопкинс во „The Two Popes“, Џо Пеши и Ал Пачино, двајцата во „The Irishman“.
Тој на 92-то издание на Оскарите се појави во костум кој го купил во Италија, односно од итлајанскиот бренд за кој пред неколку месеци снимаше кампања.
Не само што не изгледаше убаво, туку Бред ги испочитува и правилата на Оскар.
Актерот кога ја доби наградата се обрати на своите наследници без кои не би бил тука каде што е.
„Ова е за моите деца кои влијаат на се она што го правам. Ве обожавам. Ова награда ја посветувам на Квентин Тарантино. Без тебе филмската индустрија немаше да биде тоа што е“ изјави Бред Пит кога излезе да го прими Оскарот.
Бред беше многу емотивен додека држеше говор, па сите можеа да забележат дека неговите очи беа полни со солзи.