Радио Милева нов конфликт

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли бидејќи го продала својот дел од имотот на кој се венчаа

Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли бидејќи го продала својот дел од имотот на кој се венчаа

Холивудскиот актер Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли бидејќи незаконски го продала својот дел од нивниот заеднички имот  “Chateau Miraval”.

Пит тврди дека се договориле дека никој нема да го продаде својот дел од имотот без да се договори со другата страна.

Како што тврди актерот, Џоли без дозвола од Бред го продала својот дел на руски бизнисмен.

Анџелина и Бред имотот го купиле во 2008 година за 28,4 милиони долари, со цел на него да ги израснат децата и да изградат семеен бизнис. Парот на овој имот се венчаше во 2014 година, но подоцна се разведе.

Двојката не се огласи по повод овие пишувања.

фото: профимедиа/EPA/IAN LANGSDON

To top