Извесен период се пишува дека Џенифер Анистон и Бред Пит се повторно заедно, а сега шпекулациите се интензивираа со тоа што се пишува дека актерите и поранешни сопружници, наводно сакаат да посвојат дете.
Среде шпекулациите дека поранешните сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон исклучително се зближиле, заборавајќи го нивното бурно минато, во странските медиуми се појавиле гласини дека односот меѓу нив двајца се развива во поразлична насока и дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Се зборува дека Бред и Џенифер сакаат да посвојат дете во Мексико. Тие гласини одекнале во Холивуд како и дека тие двајца тајно посетиле некое сиропатилиште во Мексико каде што двајцата биле забележани на 1-ви јануари.
Џен отпатувала во Мексико со група блиски пријатели меѓу кои и продуцентот Вик Спек и комичарот Џими Кимел додека пак Бред отпатувал сам.
Се верува дека тој и Џен заедно отпатувале во Тихуана за да посетат сиропатилиште со име “Casa Hogar Sion” кое Џен приватно го поддржува веќе со години, а можеби и да посвојат дете.
Неколку денови по патувањето во Мексико, Џенифер и Бред се сретнале на доделувањето на нградите на Златен Глобус, каде што Пит доби награда за најдобра споредна улога во филмот на Квентин Тарантино.