Поминаа речиси три години откако актерката Анџелина Џоли поднесе барање за развод од актерот Бред Пит, а изгледа дека може ќе помине уште толку време додека агонијата околу разводот не заврши.
Бред и неговиот приватен тим преземаа нови чекори за Анџелина да ги потпише документите за развод откако го одолговлечува просецот.
Холивудскиот актер ги замолил своите адвокати да побараат помош од судијата да го одреди конечниот датум, односно рокот за развод и парична казна ако Анџелина не се придржува до датумот кој судијата ќе го одреди.
-Тој беше неверојатно трпелив во текот на целата постапка за разводот, но во неколку наврати беше доведен до лудило. Болен е и уморен од Џоли која го одолговлечува разводот. За Аџнелина ова стана како игра, тврди извор близок до Бред.
Анџелина неколкупати се обиде да го одложи разводот, во обид да го врати Бред, но тоа не и тргна од рака.
фото:гуливер/гети имиџис