Според српските медиуми, холивудската sвезда Бред Пит треба да го посети Белград во септември.
Еден српски бизнисмен, наводно, преговара со агентот на актерот, нудејќи му 400.000 евра за само 24 часа престој на актерот во Србија, пишува Курир.рс
Тој сака да го донесе славниот актер на својата забава, а преговорите се водат со недели и до крајот на месецот ќе се знае точно дали е постигнат договор и до кој датум би пристигнал Бред во Србија.
Ако се оди според планираното, Бред ќе биде во Белград само 24 часа.
Потсетување, ова ќе биде втора посета на Пит на Белград, а во Србија беше кога се уште не беше толку голема ѕвезда и во тоа време играше само мала улога во серијалот „Далас“. Тој дојде во посета на режисерот Божидар Николиќ, со кого претходно го снимаше филмот „Темната страна на сонцето“ во Будва, каде неговата мајка ја играше Милена Дравиќ. Потоа, соработникот го одведе на Маракана на натпревар на „Ѕвезда“.