Американските таблоиди повторно ги полнат насловните страници на сметка на познатите филмски актери Анџелина Џоли, Пред Пит и Џенифер Анистон.
Овој пат отидоа толку далеку што смислија приказни кои им одговараат, па на насловна страница им предложија на Ценифер и Бен повторно да се венчаат во Париз, а пак како Џоли наводно му вели на Бред, да ја откачи или нема да ги види децата.
На Пит му сугерираат да се врати во прегратки на поранешната сопруга Џенифер Анистон, а некои веќе шпекулираат дека се заедно, но не сакаат јавно да говорат за тоа.
Се вели дека нивното помирување е под медијација на актерот Џорџ Клуни, најдобриот пријател на Пит, но тој ги демантираше ваквите написи.
Приказната за Џоли е понеуверлива, ако се земе во предвид името на Шон Пен. Таблоидите шушкаат дека често се слушаат по телефон, но Џоли нема намера да се вплетка во нова љубовна авантура поради грижата и посветеноста кон децата.
Медиумите пишуваат дека Пен ќе биде упорен зошто е фасциниран од Џоли.