Македонија со победа ја започна групната фаза на Европското првенство, откако вечерва во Виена ја совлада Украина со 26-25 (13-10) во Б групата.
Кирил Лазаров погоди со звукот на сирената против Украина, откако капитенот ја превзеде одговорноста и погоди за конечни 26-25 за Македонија, со што нашите ракометари ги освоија првите 2 бода во Б групата.
Најефикасни во македонскиот национален тим беа Лазаров со осум гола и осум асистенции, а Манасков постигна шест гола. Сепак наш херој на натпреварот беше и голманот Митревски кој блескаше меѓу стативите. Кај Украина се истакнаа Остроушко со пет и Жуков и Акименко со по четири погодоци. Утре е слободен ден во групата Б, а в недела ни следи дуелот со Чешка.
Извор: Дриблинг.мк