Убавата Драгана Џајиќ кажа – ДА! Братот на светски познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ ја вери ќерката на фудбалската легенда Драган Џајиќ, а свадбата ја закажаа за догодина! Двојката е во врска од пролетта оваа, 2018 година.
27-годишниот Милош, брат на познатата тенисерка Ана Ивановиќ одлучи дека е време да го направи судбоносниот чекор, а неговата избраничка Драгана рече: “Да”! Датумот на свадбата сè уште не е одреден, но се планира за 2019 година.
Драгана и Милош се сретнале на почетокот на годината и веднаш заискриле симпатии, а бидејќи и двајцата биле слободни во тој момент, немало никакви пречки да отпочнат врска.
„Тоа беше љубов на прв поглед! И двајцата биле веќе некое време сами, и тој излегол од долга врска пред тоа. Двајцата имаа многу заеднички познаници во Белград, па затоа беше само прашање на време кога ќе се запознаат. Веднаш штом тоа се случило, се родиле меѓусебните симпатии. По разговорот, Милош ја поканил Драгана да излезат, и така почна сето тоа“ – открил извор близок на младиот пар.
Фото: Профимедиа/ Курир.рс/ Инстаграм принтскрин