„Со голема тага јас и моето семејство соопштуваме дека нашиот син и брат ненадејно почина. Во овие моменти се молиме за приватност. Сакаме да се заблагодариме за сиот труд и поддршка која ни ја прижавте“, наведува актерката во својата објава на Твитер.
Од полицијата е соопштено дека Кристофер е пронајден мртов на својот имот во наслелбата Блекфолдс во Канада, но не се обелоденети други детали.

Ким катрал, најпозната по улогата на Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“, порано објави дека нејзиниот брат Кристофер исчезнал и побара помош да го пронајдат.

Познатата актерка наведе дека нејзиниот брат се водел како исчезнат во канадската провинција Алберта.