Радио Милева

Братот на Леонардо Ди Каприо се обидел да ја убие поранешната девојка

Братот на Леонардо Ди Каприо се обидел да ја убие поранешната девојка

Адам Фар,полубратот на славниот актер, ни одблиску нема совршен живот како Ди Каприо. Тој веќе подолго време е во канџите на дрогата и е многу добро познат на полицијата. Во еден момент беше обвинет за обид за убиство на неговата поранешна девојка.

Кога Леонардо Ди Каприо имал само една година, Пеги Ен Фарар се омажила за неговиот татко. Патем, Пеги припаѓа на религијата Амитдари Сик што потекнува од Индија и според истата не треба да ја крати косата и секогаш треба да биде чиста, а некои носат и турбан. Тие се вегетаријанци, забрането им е да пијат алкохол и да се коцкаат.

фото:„starssunfolded.com“

Леонардо е во добар однос со својата маќеа, а таа и често била гостинка на сет на неговиот последен филм. Пеги често носи традиционални индиски фустани, а турбан почнала да носи пред неколку години. Нејзин син е Адам Фарар.

фото:„REX/Shutterstock/ Courtesy of Twitter“

Според странските медиуми, тој бил инспирација на славниот актер да се обиде во актерските води. Во осумдесеттите години тој беше во многу филмови и телевизиски реклами.

Сепак, за разлика од него, Адам имал проблем со дрога. Тој беше обвинет за обид за убиство на неговата поранешна девојка и повеќе пати бил уапсен од страна на полицијата.

To top