Радио Милева Плукната копија

Брат за брат, Ноне за Рајан: Нејзиниот избраник има брат – „близнак“, кој среќа што не е на ист брод, зашто во тоа темницата, може да ги смеша! (ФОТО)

Брат за брат, Ноне за Рајан: Нејзиниот избраник има брат – „близнак“, кој среќа што не е на ист брод, зашто во тоа темницата, може да ги смеша! (ФОТО)

Од прекуокеанските авантури на „малата велешка сирена“ дознавме многу работи, научивме многу нови нешта, разбравме за еден куп случки и настани, видовме нови дестинации,  запознавме дузина нови ликови…

Нашата Ноне Неделковска  божиќните и новогодишните празници како што веќе пишувавме ги мина работно, на брод! Големиот крузер на кусо „се паркираше“ на Бахамите, каде таа ја искористи можноста „на раат“ да се види со својот сакан Рајан! И тоа не е ништо ново ниту непознато… ама сепак има нешто што навистина до сега не сте го знаеле.

Потемната половина од оваа љубовна  „еурокрем двојка“ има брат – „близнак“! Добро не е баш близнак,ама верувале или не, тие двајца толку многу личат, што се речиси „плукната копија“ еден на друг. Новогодишниот холидеј тајминг овој пат изгледа им се поклопи, па Рајан и Андре се сретнаа на Бахамите.

Ноне  имаше можност да го запознае братот, а и Андре исто така динамитната снашка… од далечната Македонија!

Сите заедно, засилени со уште неколку пријателчиња  направија една групна фотографија за спомен и долго сеќавање…  Братството не смее да трпи, ама и работата не може да чека, па набргу браќата мораа да се разделат!

И како што некои прокоментираа: „Брат за брат, Ноне за Рајан“… ама сепак жива среќа е што браќата не работат на ист брод, зашто толку многу личат, што во тоа темницата… некој може да ги смеша.

To top