Актерката Меган Фокс го остави сопругот Брајан Остин Грин, а сега е во врска со раперот Машин Ган Кели.
Брајан за „Hollywood Raw“ раскажа дека сам дознал за врската на неговата сопруга и раперот.
„Дознав на свој начин. Тоа е единствен детаљ кој ќе ви го кажам. Не читав нешто за тоа, ниту пак слично“, вели Грин.
Брајан и Меган Фокс беа во брак од 2010 година и имаат три деца.
Тој наведува дека не обратува внимание на насловите во медиумите кои се посветени н неговата екс сопруга и нејзиното ново момче.
„Се трудам да не читам ништо и да не се мешам во тоа. Само ја спуштив главата и се фокусирам на децата. Знам да таа го прави истото“, вели Брајан.