Радио Милева

Божја воља: Вики Миљковиќ откри што ја спречи да роди уште едно дете!

Божја воља: Вики Миљковиќ откри што ја спречи да роди уште едно дете!

Пејачката би сакала да забремени, а има и јасен став кога е посвојувањето на дете во прашање, му се допаѓало тоа на многумина или не.

-Би сакала да родам уште едно дете. Е сега, дали би било девојче или момче, тоа само Бог одредува. За жал, оваа година поради многу обврски ја пролонгиравме таа одлука, но таа желба постои. Можеби ќе се случи по оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“, вели Вики.

-Немам ништо против посвојување на деца. Напротив. Но тоа не ми е во план. Снаата има прекрасна ќерка која ја сакам како своја. Таа се вика Јелена и благодарна сум на Бога што нашиот однос е така добар. Но, би сакала да имам уште едно дете, многу сакам. Но и ако се случи ќе го сфатам тоа како Божја воља, завршува Миљковиќ.

To top