Мегафон бадникови поворки

Божиќен концерт на плоштад Македонија во Скопје: Ќе пеат Антониа, Ламбе, Димитар, Пере, „Златно славејче“…

Божиќен концерт на плоштад Македонија во Скопје: Ќе пеат Антониа, Ламбе, Димитар, Пере, „Златно славејче“…

На Бадник на плоштадот Маскедонија во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт на кој ќе настапат познатите македонски изведувачи: Антониа Гиговска, Ламбе Алабакоски, Димитар Андоновски, Никола Перевски – Пере (Нокаут) како и детскиот хор на „Златно славејче“, кои ја отпејаа и третата верзија на „Вечниот Бог“.

Во 11.30 часот ќе биде  формирана Бадниковата поворка која преку камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање. Водители на настанот ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Во меѓувреме завршено е и снимањето на спотот за третата верзија на песната „Вечниот Бог“, кој го режираше Дејан Пројкоски, додека директор на фотографија е Горан Наумовски  и камера и продукција на Стојан Стојановски.

Инаку, Бадникови поворки ќе се организираат и низ другите скопски општини и градови низ Македонија. Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците.

To top