Мегафон

Божиќен концерт на „Љубојна“ во Македонската филхармонија

Божиќен концерт на „Љубојна“ во Македонската филхармонија
Етно групата „Љубојна“ во  понеделник,  на 9 јануари од 20 часот ќе одржи божиќен концерт во „Македонската филхармонија“. Ова е прв ваков концерт на македонскиот етно бенд, кој ќе настапи со традиционални празнични песни.

„Концертот ќе се одржи на трет ден Божиќ. Музиката е комплетно во рацете на Оливер Јосифовски, а по благослов и огромна љубов и посветеност на Бигорски манастир. На концертот ќе настапат и бројни пејачи од домашната сцена, врвни музичари, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот Козма Пречестански и сите заедно со многу музика и љубов, ќе бидат дел од свечената атмосфера на овој светол празник“, вели Вера Јосифовска, вокалот на „Љубојна“.

Концертот е во организација на Бадникови поворки.