Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ вечерва во битолскиот Офицерски дом ќе одржи Божикен концерт на духовна музика.
Гости на вечерта ќе бидат детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.
Со Божикниот концерт на хорот „Свети Нектариј Битолски“ завршува серијалот Божикни концерти во Битола што ги приредија Камерниот оркестар и нивните гости Наде Талевска, Агни Авшар, детскиот хор „Ѕвончиња“ и малечката Ана Гроздановски, а Божикен концерт одржа и мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ чии членови настапија во храмот „Свети Димитриј“ во Битола.
Извор:Мак Прес