Српските ѕвезди многу често знаат да ги обвинат медиумите дека ги измислуваат вестите кои ги пишуваат за нив.
Јелена Карлеуша сега обвинува за медиумски линч кон неа и нејзиното семејство, а сега и Анастасија Ражнатовиќ се огласи дека еден српски медиум целосно си измислил интервју со неа од кое насловот е дека сака да има хит како оној на Зоки Шумадинац.

Дека се измислуваат разни приказни реагираа многумина познати, но ова ја шокираше Анастасија бидејќи е напишано целосно интервју за кое таа не кажала ниту збор.

Наследничката на Цеца објави неколку фотографии на Инстаграм од лажната вест и напиша дека поголема будалаштина долго немала прочитано.

Инаку, неодамна и Дара Бубамара реагираше за измислена вест за тој кој и платил одмор во Дубаи.
