Радио Милева гордоста на увид на јавноста

Босанскиот рапер ја шокираше јавноста откако гениталиите си ги објави на Инстаграм : Буба Корели ги покажа цели (ФОТО 18+)

Босанскиот рапер ја шокираше јавноста откако гениталиите си ги објави на Инстаграм : Буба Корели ги покажа цели (ФОТО 18+)

Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, ја шокираше јавноста кога на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледаат неговите гениталии. Иако само по неколку минути ја избриша сликата од Инстаграм приказните, некои од неговите следбеници успеаја да ја зачуваат и да ја споделат, па таа стана вирален хит на сите социјални мрежи.

Очигледно е дека сараевскиот рапер сакал да привлече внимание, па се решил на ваков мизерен потег. Иако има и такви што мислат дека тоа го сторил случајно, и дека не сакал да ја објави сликата на Инстаграм, додека трети се убедени дека тој сакал да се пофали со својата гордост. Со оглед на тоа дека Буба е некој што редовно објавува фотки на оваа социјална мрежа, тешко дека можеше случајно да направи таква грешка и безгрижно да објави несоодветна содржина во јавноста.

 

Имено, на контроверзната фотографија, Корели позира пред огледало со спуштени фармерки и боксери од кои излегува неговиот полов орган. Очигледно, раперот се сликал во тоалетот од некое кафуле, но откако видел дека коментарите на сликата не биле добри, набрзина ја избришал. Фотографијата предизвика бурни реакции, особено кај родителите, чии малолетни деца и тинејџери го следат и слушаат, па тие први жестоко го нападнаа и осудија за ова,прашувајќи каков пример им дава?

„Какво дно е овој човек. Колку деца го следат само на Инстаграм. Замислете го шокот на тинејџерка или девојка која никогаш не видела машки полов орган … Срамота! Избришете го неговиот профил, трајно! – е еден од коментарите што доби голема поддршка од корисниците на Твитер.

Од друга страна, имаше и такви кои го исмеваа раперот и големината на неговата гордост.

„Зашто му требаше ова? Барем да има што да се види. Ова е мало и за половина жена. Мозок со големина на зрно грашок, но не само мозок. Мртва трка со Кристијан Голубовиќ. Двајцата се доказ дека ликовите кои имаат мали се најпопуларни. Финале на избор за микропенис на универзумот“.

Има и такви кои сметаат дека раперот би бил одлично дуо со Дара Бубамара, на која слично и се случи пред три години. Како што велат, двајцата би биле одлична двојка, бидејќи нивните „мозоци се на иста бранова должина“. Патем, Корели не се огласи по овој скандал, иако многумина очекуваа дека ќе се правда дека сето тоа се случило случајно.

Фото: Инстаграм принтскрин/buba_koreli

To top