Според српските медиуми, Шабан Шаулиќ ќе биде погребан денес, петок, 22 февруари во 15 часот во алејата на заслужните граѓани на Градските гробишта во Белград.. Медиумите пишуваат и дека освен роднините, пријателите и јавните личности, на погребот на фолк-ѕвездата најавено е дека ќе дојдат и голем број негови, фанови, обожаватели и почитувачи на неговата песна од целиот регион.
Но она што уште пред неколку дена беше објавено, па повлечено како вест е повеќе од бизарно.
Имено, еден Босанец на оглас почнал да продава билети за погребот на кралот на фолк музиката, пишува „Дознајемо“. Тој пуштил оглас на социјалните мрежи во кој за 40 конвертибилни марки (околу 20 евра) нуди организиран превоз и ланч пакет – сендвич за секој што сака да оди на погребот на Шабан, а потоа и обиколка на Куќата на цвеќето во Белград. По пат наводно ќе се слушала музика со омаж од најпознатите песни на Шабан Шаулиќ.
Сепак, името на оној што сакал да заработи на ваков бизарен начин на смртта на каралот на народната музика, како и тоа дали воопшто некој се пријавил за оваа „погребална тура“, не беше до ден денес соопштено.